Во првиот квартал од годинава извозот од технолошко - индустриските зони изнесува 250 милиони евра и според податоците на Дирекцијата за ТИРЗ има раст од 95 отсто во однос на минатата година, објави Сител. Лани во првиот квартал извозот од ТИРЗ изнесувал 126 милиони евра, што значи дека повеќе од третина од македонскиот извоз доаѓа од странските инвестиции во технолошко-индустриските зони. Високиот раст на извозот од ТИРЗ е резултат на влегувањето на Џонсон Метии во втората фаза на производство, на почетокот на производството на ВанХол, зголемувањето на производството на Кемет Електроникс, како и почнувањето на активното производство на Џонсон Контролсс во Штип.
Во првиот квартал од годинава извозот од технолошко - индустриските зони изнесува 250 милиони евра и според податоците на Дирекцијата за ТИРЗ има раст од 95 отсто во однос на минатата година, објави Сител.
Лани во првиот квартал извозот од ТИРЗ изнесувал 126 милиони евра, што значи дека повеќе од третина од македонскиот извоз доаѓа од странските инвестиции во технолошко-индустриските зони.
Високиот раст на извозот од ТИРЗ е резултат на влегувањето на Џонсон Метии во втората фаза на производство, на почетокот на производството на ВанХол, зголемувањето на производството на Кемет Електроникс, како и почнувањето на активното производство на Џонсон Контролсс во Штип.
- Во моментот сме во завршни преговори со неколку компании кои се пред донесување одлука за инвеститрање во технолошко-ндустриските зони или веќе имаат донесено одлука, но таа не е официјализирана. Станува збор за компании од САД, Германија и Италија, кои покрај Скопје се заинтересирани да инвестираат во неколку зони од внатрешноста каде досега немало странски инвестиции, вели Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за ТИРЗ.
Во технолошко-индустриските зони во моментов функционираат Џонсон Контролсс, Џонсон Метии, ВанХолл, Текнохозее, Кеметт и Протек групп. Во зоните во моментов работат 2.700 луѓе, а вкупните досегашни инвестиции се проценуваат на 240 милиони евра.